Марко Бучевски, роден 02.01.2007 година во Прилеп. Завршено основно образование во О.О.У „Блаже Конески“ – Прилеп со одличен успех.

Ги сакам природните науки ( математика, физика, хемија) но и јазиците.

Имам учествувано на повеќе натпревари од областа на природните науки како и во електроника.

Токму поради тоа изборот за моја професија го направив според моите желби и склоности.

Учам во СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп на струката медицинско – санитарен лаборантски техничар.

Слободното време го користам за следење и мерење на промени во природата како на пример движењето на облаците, поставеноста на месечината и промените кои се појавуваат и слично.

Компјутерот освен за игра и релаксација го користам најмногу за пребарување и црпење на нови знаења.

Ја сакам природата и мислам дека сите треба да се стремиме да живееме во хармонија со неа. Активно тренирам карате со цел дисциплината и концентрацијата која ја дава да биде мој начин на живот.

Scroll to Top