Добредојдовте, идејата за да се направи оваа веб страница потекнува од глобалниот проблем наречен светлинско загадување.

Светлинско загадување – загадување предизвикано од претерано или нападно вештачко осветлување, најчесто во градските средини.

Ваквото загадување, како и секој друг облик на загадување, предизвикува промени во екосистемот и штетно влијае на здравјето на луѓето, зашто го нарушува циклусот на ден и ноќ и придонесува за појава на несоница и други несакани појави.

Исто така ги пригушува ѕвездите на ноќното небо за жителите на градовите и им пречи на астрономските опсерватории.

Светлинското загадување може да се подели на три типа:

Здодевно светло, кое е како натрапник на инаку природниот или слабо осветлен предел.

Прекумерно светло, најчесто внатре, што предизвикува нелагодност и штетни влијанија по здравјето.

Сјајно небо, небо без ѕвезди, поради преголемото осветлување се јавува отсјај кога има премногу позадинско светло.

Започнувајќи од 2008 година под менторство на нашата професорка по физика Каролина Дамјаноска светлинското  загадување се мери непрекинато до ден денес.

Во нашето училиште СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп учениците го мерат светлинското загадување со помош на Глобе ноќе (Globe At Night) програмата www.globeatnight.org.


Слики од ноќното небо над Прилеп од соѕвездија со кои го мериме светлинското загадување.

Сликите се направени од ученици од СОУ „Орде Чопела“ во Прилеп.


Корисни линкови

Парковите на темни неба се нов начин на туризам. Таму нема светлинско загадување или е сведено на минимум. Парковите на темни неба може да се погледнат на следниот линк:

https://www.darksky.org/our-work/conservation/idsp/parks/

Исто така постојат и резервати на темни неба. Повеќе инфо на следниот линк:

https://www.darksky.org/our-work/conservation/idsp/reserves/

За повеќе информации / галерии / проекти / презентации посети го линкот: активности

Ви благодарам на посетата! Сајтот навремено ќе се ажурира со нови содржини! Се надевам дека пронајдовте и прочитавте интересни и поучни работи поврзани за светлинското загадување. Have fun 😉

Scroll to Top